Преспа славеше кај Г.Коњари! Домашен фудбалер потешко се повреди и беше пренесен во болница

209

Во меч од 27.коло во ВМФЛ, попладнево Г.Коњари и Преспа одиграа 0:1. Стрелец на победничкиот гол за гостите беше Карамачоски. Инаку познато е дека и двете екипи во следната сезонашќе играат во Третата лига со оглед на тоа дека уште пред неколку кола и официјално се испадната.

Да кажеме и тоа дека во самиот финиш на мечот имаше немили сцени на теренот во Г.Коњари. По еден судир со противнички играч, домашен фудбалер потешко се повреди и мораше со возилот на брзата помош итно да биде пренесен во болница.

ПретходноПМФЛ: Златни три бода за Брера во Струга, без победник во Кавадарци!
СледноМанчестер Ј. го доби лудото дерби со Ливерпул на „Олд Трафорд“ (ВИДЕО)