Охрид за гол подобар од Алкалоид и се поблиску до второто место (ФОТО)

230

Ракометарите на Охрид славеа во Скопје на првото дерби од 29. коло во Суперлигата против екипата на Алкалоид со 26:27.

Ова беше прва победа на оххриѓани на дербито во Скопје со што гостинскиот состав ја запиша и 23-тата победа со која се искачи на второто место на табелата, очекувајќи ја разврската на четврточниот дуел меѓу Вардар и Е. Пелистер во кој доколку гостите од битола загубат, Охриѓани ќе останат сами на втората позиција на табелата.

Во Автокоманда видовме фантастично возбудлив меч во кој Охрид имаше константна предност во текот на целиот меч, но во завршницата Алкалоид успеа да се избори за драматична завршница. Домашните успеаја да дојдат до негатива од еден гол, но не и да најдат начин да се изборат барем за бод.

Пилиповиќ имаше 10 интервенции на голот на Охрид, додека Јасухира постигна 7 гола. Кизиќ имаше 8 интервенции кај Алкалоид, а Дамјан Митев беше најефикасен со 6 гола.

ПретходноЉафтов, Ѓоргиев и Савовски „бркаат“ злато, Владо „лапна“ бронза
СледноМенди оди на втора операција и ќе го пропушти стартот на новата сезона