Горан Симов не е веќе тренер на Вардар. Како што и се најавуваше веќе неколку денови наназад, дури денеска раководството на клубот реши да ја прекине соработката со Симов кој издржа само четири кола на клупата на Вардар. Засега, како В.Д. Тренер, екипата ќе ја води Никола Глигоров.