Конечно малку добри вести за Реал Мадрид и тренерот Карло Анчелоти, барем кога се во прашање повредените играчи. Имено Тони Крос денеска ги продолжи тренинзите со топка со сцвоите соиграчи. Тој добро заздравува и се очекува некаде на средината на следниот месец да почне да игра за тимот хна Реал Мадрид.
Германецот последен пат играше за Реал на 9 мај, потоа беше и дел од репрезентацијата на Германија на ЕУРО по што одлучи да се повлече од селекцијата.
Во меѓувреме тој боледуваше од хернија, па мораше да направи пауза. Се разбира искуството и квалитетот на Крос и тоа како добро ќе му дојде на Анчелоти.
ФОТО: realmadrid.com