Мирко Лазарески со четиригодишна суспензија поради допинг

150

Еден од најдобрите македонски скијачи и несудениот олимпиоец од последната Олимпијада во Кортина, Италија, која што се одржа минатата зима, е суспендиран на четири години поради користење на допинг.

Оваа информација е лиферувана во јавноста од страна на Министерството за Спорт, чија што комисија и ги утврди неправилностите, односно недозволените средства во организмот на Лазарески, па конечно и ја одредува казната за младиот спортист.

Мирко Лазарески е роден 2003 година, и требаше да биде наш претставник во Кортина. Сепак, присуството на Станозолол во неговиот организам, супстанца која што е недозволена, го спречува во голема мера не само да продолжи со нормалното функционирање, туку ја доведува во прашање целата негова понатамошна кариера.

Во образложението на Министерството за Спорт, прецизно е наведен редоследот на настани, во случајот на Лазарески, како и неговиот исказ даден пред надлежната комисија.

 

ПретходноДисциплинска комисија при ФФМ: Поведени постапки против ГФК Тиквеш, но и против Имран Фетаи и Јетон Беќири
СледноМиленкоски прозиваше во Крушево (ФОТО)