Напнатоста во Реал Мадрид го достигна својот врв во последниот дел од сезоната, а лошата атмосфера во соблекувалната кулминираше со жесток судир на денешниот тренинг. Како што дознава шпанскиот весник „Марка“, Федерико Валверде и Орелиен Чуамени речиси се степале по жестока расправија што откри длабоки поделби во составот на „Кралскиот клуб“, пишува „Марка“ .
Сè започнало со прекршок за време на треингот, што довело до една од најнапнатите сцени видени во последните години на Валдебебас. Двајцата играчи од средниот ред се судриле, се туркале и жестоко се расправале, а расправијата продолжилаа со ист интензитет во соблекувалната.
Тимот поминува низ еден од најчувствителните периоди од сезоната, без реални изгледи за освојување трофеи и атмосфера која е сè повеќе оптоварена со внатрешни несогласувања. Разликите меѓу играчите се очигледни, а има и такви кои речиси и не комуницираат меѓусебно. Ситуацијата е дополнително комплицирана од односот со тренерот Алваро Арбелоа, со кого наводно дури шест играчи не разговараат.










