До крајот на сезоната во ВМФЛ остануваат уште само три кола. Познато е дека директно испаднаа Вардар (Н), Преспа, Слога (В), Победа и Г.Коњари. Тетекс и Саса сигурно играат бараж за опстанок а најверојатно и Кожув. Тоа е „архивирано“, но затоа битката за врвот е супер интересна. Имено само првиот влегува директно во елитата, додека вториот и третиот играат бараж за пласман во ПМФЛ со деветиот и осмиот од елитата. Веднаш да кажеме, во случајна ист број бодови за конечната табела решаваат меѓусебните дуели а не гол разликата.
Брегалница на три кола до крајот има 64 бода и затоа велиме дека сама си ја решава својата судбина. На тие три меча ако победи тогаш и дефинитивно е прволигаш, не мора да чека кикс од некој друг. Веќе во недела некои работи ќе бидат појасни ако се знае дека Брегалница игра дома со Шкендија (А). Ако победи тоагаш милиметри ќе биде до враќање во елитата со оглед на тоа дека до крајот и следуваат мечвите со Осогово (гости) и Победа (дома).
Втора е Шкендија (А) со 62 бода. Овој тим ако сака директен пласман во ПМФЛ мора, ама баш мора да победи во недела во Штип. Потоа ја чекаат мечевите со Новаци (дома) и со Саса (гости).
Скопје е трет исто со 62 бода и во последните три кола игра со Тетекс (гости), Г.Коњари (гости) и Детонит (дома).
На Охрид, кој есеноска заврши како прв, а сега е четврти, му е најтешко со оглед на тоа дека има 59 бода. Охриѓани играат со Г.Коњари (дома), Детонит (гости), Слога (В) дома. Ова значи и со сите девет бода може да остане на 4.место и со тоа да остане и без бараж.
Сепак да не отпишуваме никого предвреме, секој си ја гледа својата шанса. Ова се сите тие можни “математики“, ќе видиме која ќе биде таа точната.
ТАБЕЛА
1.БРЕГАЛНИЦА 64
2.ШКЕНДИЈА (А) 62
3.СКОПЈЕ 62
4.ОХРИД 59
КОЈ СО КОГО ДО КРАЈОТ
28.КОЛО (10.05.2026)
Тетекс – СКОПЈЕ
БРЕГАЛНИЦА – ШКЕНДИЈА (А)
ОХРИД – Г.Коњари
29.КОЛО (16.05.2026)
Осогово – БРЕГАЛНИЦА
ШКЕНДИЈА (А) – Новаци
Детонит – ОХРИД
Г.Коњари – СКОПЈЕ
30.КОЛО (23.05.2026)
СКОПЈЕ – Детонит
ОХРИД – Слога (В)
БРЕГАЛНИЦА – Победа
Саса – ШКЕНДИЈА (А)










