Играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, е на пат да направи неверојатен историски рекорд во Премиер лигата. Имено, Португалецот во дресот на „црвените ѓаволи“ досега оваа сезона има 19 асистенции во Премиер лигата и со тоа се израмни на 3. место на вечната листа со Месут Озил.
Во моментов пред него се само Тиери Анри кој има 20 асистенции во 2002/03 и Кевин де Брујне кој направи исто така 20 асистенции во сезоната 2019/20.
Бруно ќе има шанса да го собори рекордот за бројот на реализирани асистенции во Премиер лигата со тоа што ќе обезбеди уште најмалку две асистенции во преостанатите три натпревари против Сандерленд, Нотингем и Брајтон.










