Урнебесно: Кога децата на капитенот на ПСЖ ќе скокаат од радост дека го “добиле“ Јамал!(ВИДЕО)

120
ФОТО: printscreen

Време е за собирање сликички и пополнување на албумот на Панини за СП 2026. На такво нешто не можата да одолеат и најголемите фудбалски ѕвезди. А секако дека Маркињос како капитен на ПСЖ и член на селекцијата на Бразил и тоа како е тоа.

Така, бразилскиот дефанзивец Маркињос се најде во центарот на вниманието, откако реши да собира сликички од Светското првенство со своите деца и објави видео кое воодушеви многумина. Ѕвездата на ПСЖ купи многу пакетчиња со сликички на Панини, а Маркињос и неговите деца решија да го наполнат албумот, што предизвика голема радост кај нив.
Сепак, самиот Бразилец беше изненаден кога еговите деца еуфорично прославија добивање на сликичка од Ламине Јамал. Сепак, ова само докажува колку е популарен младиот играч на Барселона во светот, особено кај помладата популација.
Патем, Јамал моментално се опоравува од повреда и Шпанија се надева дека нивниот најдобар играч ќе биде подготвен за Светското првенство.

ПретходноСОУ “Ристе Ристески-Ричко“ ќе ја претставува Македонија на ЕП во футсал во Бања Лука!
СледноВреме е за „Ел Класико“: Барса подготвена за крунисување, Реал сака да заборави на хаосот што му се случува!