Македонскиот интернационалец во дресот на ТСЦ Бачка Топола, Андреј Тодороски, ја продолжи голгетерската форма. Вечерва во меч од 35. коло на српската Суперлига, екипата на ТСЦ славеше со високи 6:1 дома против Јавор, а Тодороски повторно беше прецизен.
Нашиот потенцијален репрезентативец погоди за водство на домашните од 1:0 уште во 8. минута на средбата. За Тодороски ова беше деветти сезонски гол кој го носи во ТОП 10 листата на најдобри стрелци во српскиот шампионат.










