Големите така ги чуваат легендите: Мајнц со посебна чест за Новески (ФОТО)

128

Големите фудбалски клубови не ги забораваат своите легенди. Еден таков е и германскиот бундеслигаш Мајнц 05 кој еден дел од трибините на стадионот го посвети на нашиот Николче Новески.

Поранешниот репрезентативец на Македонија остави длабока трага во поновата историја на германскиот клуб и не случајно го доби статусот „Легенда“, како што впрочем гласеше и денешната објава на Мајнц на социјалните мрежи.

Новески во периодот од 2004 до 2015 година одигра 315 официјални натпревари и како дефанзивец имаше дури 12 постигнати голови. Голем број од овие мечеви, Новески ги одигра и со капитенската лента на раката.

ПретходноБорац Чачак го згасна АБА-сонот на ТФТ
СледноТитула заверена на „Ел Класико“: Барса со победа над Реал до 29. шампионски наслов (ВИДЕО)