Познати се можните ривали на Вардар во 1.квалификациско коло во ЛШ! (ФОТО)

730

До крајот на сезоната 2025/26 во нашата елитна фудбалска лига остануваат само уште две кола. Па така ако не се случи некое чудо, јасно е дека Вардар, му треба само бод, ќе биде шампион на Македонија. Тоа значи дека нашиот најтрофеен клуб ќе ја претставува Македонија во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, и веднаш да кажеме дека поради слабиот коефициент (1.551), ќе биде во групата на неносители на ждрепката во воведното коло.

Во случај Шкендија сепак да ја одбрани круната, а се знае што треба да се случи за да бидеме сведоци на такво сценарио, тогаш Шкендија која има одличен коефицент (10.875), ќе биде во групата на носители на ждрепката за 1.квалификациско коло во ЛШ.No description available.

Познати се и дел од можните противници на Вардар:

Шамрок (Р.Ирска), КуПС (Финска), Дрита (Косово), Линколн (Гибралтар), Борац (БиХ), Викингур (Исланд), Каират (Казахстан), Рига (Летонија), Клаксвик (Ф. Острови), Флора (Естонија).

Познати се и дел од можните противници на Шкендија, ако тетовци бидат шампиони:

Левски (Бугарија), Сабах (Азербејџан), Кауно (Жалгирис), Иберија (Грузија), Тре Фиори (Сан Марино), Витебск (Белорусија) како и прваците на Малта, Албанија, Луксембург и Црна Гора.

Инаку УЕФА на 29 мај официјално ќе ги објави носителите и неносителите за 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

Ждрепката за 1. и 2.квалификациско коло во ЛШ ќе се одржи на 16-17 јуни. Натпреварите од ова коло се играат на 7/8 и 14/15 јули а мечевите од втората квалификациска рунда се закажани за 21/22 и 28/29 јули.

ПретходноФ4 во ЛШ: Германско полуфинале и Барса против Алборг!(ФОТО)
СледноИГРАЈ СО НАЈДОБРИТЕ: ВИДЕОЛОТАРИЈА СО 4.350.000 ДЕНАРИ ГО РЕКОНСТРУИРАШЕ 24-ТОТО ИГРАЛИШТЕ ВО МАКЕДОНИЈА