Заврши сезоната за Бојан Крстевски

76

МЗТ Скопје, на денешната мајсторка против Пелистер, ќе биде ослабен за уште еден македонски репрезентативец.

Искусниот центар,. Бојан Крстевски, заработи повреда на десната рака, поради која што не може да му помогне на актуелниот првак, ниту пак ако тимот се пласира во големото финале.

Крстевски кој е еден од најкорисните кмошаркари, во таборот на „сино белите“ седнува на клупата на повредени играчи на која што од поодамна седи Андреј Магдевски.

Дуелот помеѓу МЗТ и Пелистер започнува во 19:00, а побендикот од овој дуел оди на мегдан со најголемото изненадување, тимот на Маџари во финалето.

 

Претходно„АДАСТРА“ МЛАДИНСКИ ЛИГИ: ЖКК „Вардар“ ќе го организира завршниот турнир во М12 лигата-жени
СледноРаководството на Манчестер Јунајтед одлучи: Мајк Карик останува на клупата!(ФОТО)