Митревски: Овој меч е само едно полувреме, подготвени сме за добар резултат

97

Најискусното име во нашата ракометна репрезентација, голманот Никола Митревски, по пристигнувањето вго Прешов со свој коментар за она што Македонија ја очекува утре на првиот бараж натпревар за пласман на СП 2027.

„Голема непознаница за нас, никогаш не сме играле против Словачка и овој натпревар ќе биде исто така тежок, незгоден, бидејќи играме на гостински терен. Се спремаме, мислам дека сме  доволно добро подготвеи од тоа што можевме да го видиме на претхоните натпревари и очакувам добар натпревар од наша страна. Големите натпреверувања кои што имаме позади нас, ни го даваат тоа право да очекуваме добар и позитивен резултат на овај натпревар. Ништо нема да биде решено тука без разлика на конечниот исход на првиот натпревер. Ова е само едно полувреме од овој двомеч и ќе пробаме, како што кажав, да го дадеме нашиот максимум, да одиграме како што се договоривме и да излечеме поволен резултат“, вели Митревски.

ПретходноДинамо (З) подобар од Риека во финалето на купот за двојна круна
СледноЕП 2026: Георгиевски и Рељиќ запрени во четвртфиналето