Растодер стрелец на два гола, а неговиот Тун поразен со 3:8!

74
ФОТО: FC Thun/FB

Неверојатен меч се одигра попладнево во елитната лига на Швајцарија. Имено Елмин Растодер, кој со својот Тун е шампион на таа земја, попладнево во меч од претпоследното коло против Јанг Бојс постигна два гола, но неговиот тим на свој терен беше поразен со 3:8. Јасно е дека амбициите спласнаа кај играчите на Тун по освојувањето на титулата, ама сепак ретко кој очекуваше шампионот да доживее дебакл на свој терен.

Инаку македонскиот репрезентативец стрелаше во 11. и 13.минута за 1:1 и водство од 2:1.

Со овие два гола, Растодер сега има 15 погодоци во сезоната и се наоѓа при врвот на листата на стрелците.

ПретходноШтип има многу легенди и бизнисмени, ама Томче Блажевски го најде спасот за Брегалница!
СледноПолувреме во Прешов: Македонија има предност од +5!