Селтик со нова титула во шампионатот на Шкотска

33

Тимот на Селтик успеа да ја освои 14. титула во последните 15 години откако денеска во директната пресметка со тимот на Хартс, успеа да слави со конечни 3:1, и на тој начин да се закити со нов трофеј.

Херој на домаќинот на овој меч е Дајзен Маеда кој што погоди во самиот финиш на мечот и ја донесе таа толку драгоцена предност.

Хартс поведе преку Сенкленд, а Енгелс израмни од пенал. Маеда донесе 2:1, а во последните секунди Османд реализираше во празната мрежа на гостите откако и голманот замина да помага во нападот.

Селтик го завврши шампионатот со 82. бода, два повеќе од Хартс.

 

ПретходноЛевандовски објави дека си заминува од Барселона
СледноСтоле Димовски официјално ја заврши кариерата