Сега веќе 43. годишниот голман Столе Димовски денеска и официјално ја завршува својата фудбалска кариера.
Чуварот на мрежата на Тиквеш кој што е во Кавадарци веќе пет години денеска на дуелот од ПМФЛ колото против Пелистер на домашен терен ја завршува својата богата играчка кариера која што започна пред повеќе од две децении.
Некогашниот голман на Маџари, Македонија ЃП, Хоризонт Турново… подолг период е дел од стручиот штаб на ГФК Тиквеш, но и активен голман кога што имаше потреба.
Денеска тој ги одигра последните 12 минути како активен играч, а беше заменет од Христојан Стевковски.















