Напаѓачот на Баерн Минхен, Хари Кејн, ја заврши сезоната 2025/26 со 58 постигнати голови.
Англичанецот постигна 36 гола во Бундеслигата, 14 во Лигата на шампионите, 7 во Купот на Германија и еден во Суперкупот на Германија.
Денес напаѓачот постигна хет-трик во последното коло од Бундеслигата против Келн (5:1).
Кејн го урна рекордот на Роберт Левандовски за најмногу голови во една сезона во Бундеслигата во сите натпреварувања. Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен постигна 55 гола во сезоната 2019/20.










