Ц. Звезда ќе го продаде напаѓачот за 4,3 милиони евра

83

Напаѓачот на белградска Црвена Звезда, Даглас Овусу, ќе направи трансфер во чешка Викторија Плзен. Како што објавија српските медиуми, Ц. Звезда за него ќе заработи 4,3 милиони евра.

Вкупната вредност на трансферот ќе биде 4,3 мичлиони евра, од кои 3,3 милиони ќе бидат платени веднаш, а еден милион евра преку бонуси.

Ова ќе биде најголемата сума пари што Плзен ќе ја потроши во својата историја за еден играч.

Младиот напаѓач од Гана наводно претходно ги договорил личните услови, па договорот ќе биде официјализиран по медицинските прегледи.

ПретходноГол-машина: Кејн го собори рекордот на Левандовски