Куп финале: Силекс и Шкендија во битка за пехарот, а Струга ТЛ ќе чека добри вести за неа!

146
ФОТО:.facebook.com/ffm.mk

Во среда од 20 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, ќе се одигра 33. финале на Купот на Македонија од самостојноста на нашата држава. Познато е дека од 1993 година па наваму само едно финале не се одигра и тоа во 2020 поради Ковидот.

Во финалето по шести пат, и за едните и за другите, ќе играат Силекс кој ќе атакува на својот четврти трофеј и Шкендија, која го посакува својот трет пехар во ова натпреварување.

Ова ќебиде интересен и супер важен меч и не само поради пехарот. Имено Силекс ако сака да игра во Европа, во квалификациите во Лигата на Конференции, ќе мора да слави. Шкендија го нема тој притисок, како второпласирана во ПМФЛ, оваа екипа автоматски избори пласман во ЛК без разлика како ќе заврши финалето.

Од друга страна ова е супер важен меч и за трета страна, за трета екипа. Имено Струга ТЛ која сезоната во ПМФЛ ќе ја заврши како трета, ќе “навива“ за Шкендија, само со победа на тетовци екипата на Бледи Шкемби ќе игра во фудбалска Европа.

Затоа велиме дека Силекс и Шкендија ќе бијат битка за пехарот, а Струга ТЛ ќе чека добри вести за неа.

ПретходноПознати се шампионите во младинските категории
СледноДалиќ го објави списокот на Хрватска за СП 2026!