Во Охрид блескаше иднината на македонската кошарка

61

Охрид викендов беше вистински центар на младинската кошарка, откако во салата „Билјанини Извори“ се одржа новото издание на Минибаскет караванот во организација на Кошаркарската федерација на Македонија.

На теренот настапија голем број млади кошаркар(к)и од генерациите М12, во машка и женска конкуренција, кои преку игра, дружење и спортски натпревари го покажаа својот талент, љубовта кон кошарката и желбата за напредок.

Исполнетите трибини, насмевките на најмладите и позитивната атмосфера беа уште една потврда дека ваквите настани имаат огромно значење за развојот на младите категории и за популаризација на кошарката низ целата држава.

Минибаскет караваните продолжуваат да ја исполнуваат својата цел – да создадат простор во кој децата ќе уживаат во спортот, ќе стекнуваат нови пријателства и ќе ги направат своите први кошаркарски чекори во вистинска спортска атмосфера.

По успешната дружба во Охрид, за која посебна благоданост оди на сметка на ГКК Охрид, кој се вклучи во организацијата на овој прекрасен настан, следната дестинација на караванот е Куманово, каде што младите таленти повторно ќе имаат можност да бидат дел од едно ново кошаркарско доживување.

Беше прекрасно во Охрид, се гледаме наскоро во Куманово!

Комплетна фотогалерија на фан страницата на Кошаркарската федерација на Македонија…

ПретходноРК Вардар нема да присуствува на прославата на ФК Вардар
СледноКонте завршува во Наполи и се враќа таму каде што му припаѓа срцето