Елмас пред можен трансфер во Астон Вила или Сандерленд?!

184
ФОТО:.facebook.com/SSCNapoli/

Елиф Елмас, барем она што го пренесуваат медиумите од Островот вчера и денеска, би можел ова лето да се пресели во Премиерлигата. Имено за него свој интерес пројавиле Астон Вила и Сандерленд.

Допрва ќе видиме дали од тој интерес ќе произлезе и трансфер, ама се знае дека тешко нашиот Дијамант ќе остане во Наполи, посебно ако се знае дека наполитанците едноставно не сакаат ја платат отштетата од 17 милиони евра која за Елмас ја бара неговиот Лајпциг.

Од друга страна се напоменува дека и Астон Вила и Сандерленд би можеле да ги платат тие пари за да го добијат македонскиот репрезенттивец.

Се разбира дека најдобро за Елмас е да има клуб со кој ќе има перманентен договор, а воедно и да игра редовно, да има првотимски статус.

Астон Вила и тоа како би одговарала на неговите желби и амбиции, посебно ако се знае дека овој клуб наредната сезона ќе игра и во Лигата на Шампионите.

ПретходноНов шок: Алкараз го пропушта и Вимблдон!
СледноМакедонецот е на цена: Растодер е желба на Панатинаикос, Хамбургер, Менхенгладбах…