Денеска селекторот на Македонија, Гоце Седлоски, денеска го објави списокот на репрезентативци на кои ќе смета за претстојниот пријателски двомеч со Босна односно Турција.
На почетокот на прес конференцијата, Седлоски јавно, во името на ФК Вардар каде што досега Седлоски беше тренер се извини за случувањата при прославата за титулата и скандирањето и пеењето на спорната песна.
„Јавно се извинувам на македонската јавност за она што се случи. Во името на клубот, играчите, и сите оние кои што беа дел од прославата. Тоа не смее да се случува, и нема повеќе да се случи“ – изјави сега веќе селекторот, а поранешен тренер на ФК Вардар, Гоце Седлоски.










