Ти-Џеј Шортс од Атина се сели во Валенсија

70
ФОТО: Panathinaikos BC/FB

Валенсија покажува интерес за плејмејкерот на Панатинаикос, Ти-Џеј Шортс, некогашен македонски репрезентативец. Како што пишуваат шпанските медиуми, се очекува американскиот плеј да го напушти грчкиот клуб ова лето. По неколку успешни сезони во Европа, Шортс стана еден од најбараните играчи на пазарот.

Според изворите, Валенсија го разгледува кошаркарот како потенцијално засилување за нивниот ростер за новата сезона. Иако не е постигнат договор меѓу страните, интересот на шпанскиот клуб се смета за сериозен и наскоро би можел да стигне до фаза на конкретни преговори.

ПретходноКонечно: Роналдо освои титула со Ал Наср (ВИДЕО)
СледноХамилтон со порака до „хејтерите“: Не одам во пензија уште пет години!