Реал Мадрид ја потврди разделбата со Алаба! (ФОТО)

124
ФОТО: Real Madrid FC/FB

И официјално австрискиот дефанзивец Давид Алаба ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од тековната сезона. По пет години, 131 натпревар и 11 освоени трофеи, клубот и играчот ја прекинуваат соработката, објави Реал.
Алаба и Реал Мадрид ќе тргнат по свои различни патишта. Клубот издаде посебно соопштение во кое му изрази благодарност на Алаба за неговата посветеност и професионализам низ годините. Привлечен како слободен агент, Австриецот брзо стана клучна фигура во одбраната на „кралскиот клуб“. Со своето лидерство и дефанзивна стабилност, тој беше темел на една од најславните ери во поновата историја на Реал Мадрид. Неговата улога беше неопходна во постигнувањето на голем број успеси и на домашната и на европската сцена.
И покрај неговите неоспорни квалитети, кариерата на Алаба во Мадрид беше обележана и со сериозен предизвик. Сериозна повреда на ‘рскавицата го отсуствуваше подолг период и тој никогаш целосно не ја врати својата поранешна врвна форма. Овој фактор се покажа како одлучувачки за неговата иднина во клубот.

ПретходноРутинска победа на РК Вардар против Тиквеш
СледноПрилеп победнички против Пролет