Јакимовски одличен, Тренто поведе со 2:1 во серијата против Виртус!

103
фото: Dolomiti Trento (FB)

Изненадување или не, но македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски и неговиот Тренто и вечерва во третиот меч од 1/4 финалето во плеј-офот во елитната кошаркарска лига славеа против гигантот Виртус. Победа од 102:85 за водство во серија од 2:1.

Па така сега на Јакимовски и Тренто им е потребна само уште една победа за да го елиминираат славниот Виртус кој редовно игра во Евролигата, и да се пласира во полуфиналето.

Македонцот Андреј Јакимовски и вечерва покажа дека е класа кошаркар. Во игра беше 23 минути и успеа да запише 9 поени, пет скокови и една асистенција.

Следниот натпревар се игра во недела и повторно Тренто ќе биде домаќин.

ПретходноШтета: Барди промаши пенал, Коњаспор поразен во финалето на Купот!(ВИДЕО)
СледноНишто од ново чудо на Валенсија: Реал Мадрид славеше и си закажа финале против Олимпијакос!