Мустафа: Обезбедивме опстанок, сега следува празник против Струга Трим Лум

48

Фудбалерот на Арсими, Суби Мустафа изрази задоволство по обезбедувањето на опстанокот во Првата фудбалска лига, потенцирајќи дека тоа била главната цел на тимот оваа сезона. За затворање на сезоната Арсими го пречекува поранешниот шампион Струга Трим Лум.

“Многу сме среќни што математички го обезбедивме опстанокот. Тоа беше нашата главна цел и верувам дека сосема заслужено го остваривме со работа, жртва и единство во текот на целата сезона”,  изјави Мустафа.

Тој упати благодарност до сите кои придонеле за овој успех, почнувајќи од соиграчите и стручниот штаб, па се до навивачите.

“Голема благодарност до соиграчите, стручниот штаб и нашите навивачи кои ни даваа поддршка во секој момент”,   додаде тој.

Зборувајќи за претстојниот натпревар против Струга Трим Лум, Мустафа истакна дека истиот ќе има празничен карактер за клубот.

“Овој натпревар ќе биде ден на прослава за нас. Ќе излеземе на теренот со максимална мотивација и почит кон противникот, но пред се сакаме да го споделиме овој момент со нашите навивачи”, рече тој.

Бојку: Сакаме сезоната да ја завршиме со победа

Бесмир Бојку истакна дека тој и соиграчите планираат да стигнат до трите бода и сезоната да ја завршат со победа.

„Очекуваме отворен и убав натпревар за навивачите. Ова е последен меч во сезоната и сакаме да го завршиме со позитивен настап и добар резултат.

Мислам дека во текот на сезоната покажавме многу позитивни работи. Секогаш може повеќе, но ако се погледне текот на првенството, третото место е резултат што треба да се вреднува“, истакна Бојку.

Струга Трим Лум оваа сезона имаше максимален успех во дуелите со Арсими.

„Ги добивме претходните два натпревари против Арсими и сигурно влегуваме со самодоверба. Ќе дадеме максимум за да ја оствариме и третата победа и сезоната да ја затвориме со три бода“.

Натпреварот меѓу Арсими и Струга Трим Лум се игра денеска, со почеток од 16 часот, на Градскиот стадион во Гостивар.

ПретходноЕХФ се воодушевува на Лазаревски и неговиот колут назад (ВИДЕО)
СледноБуфон не негираше дека би можел да ја преземе директорската позиција во Парма