Денешниот натпревар со Шкендија за Вардар беше голема потврда на шампионската сезона. Истата заврши со висока победа од 3:0, без примен гол, благодарение на извонредниот Давор Талески на голот на шампионот.
„Знаев дека ќе го одбранам и вториот пенал. Ова е враќање за неправдите додека бев во Шкендија. Вардар е најголемиот клуб во Македонија и тоа вечерва го покажавме“, истакна Талески за време на прославата.















