Фудбалерите на Валенсија ја совладаа екипата на Барселона со 3:1 во еден од најинтересните натпревари од последното коло од шпанската Ла Лига. Екипата на Валенсија и покрај поволниот резултат не успеа да се пласира во европските натпреварувања следната сезона.
На „Сантиаго Бернабеу“, Реал Мадрид убедливо го совлада Атлетик Билбао со 4:2 и ги испрати клупските легенди Дани Карвахал и Давид Алаба.
Мајорка и покрај убедливата победа против Овиедо со 3:0 следната сезона ќе игра во Сегунда, а таму ќе и се придружат гореспоменатиот Овиедо, како и екипата на Жирона која вечерва одигра реми против Елче во круцијалниот натпревар за опстанок.
Селта Виго и Хетафе со победи ги заверија своите места во Европа следната сезона, а Рајо Ваљекано и покрај триумфот остана покусо и својата шанса ќе ја чека преку финалето во КЛ.










