Њујорк Никс се на една победа од нивното прво учество во НБА финалето од 1999 година. Во третиот натпревар од финалето на Источната конференција, Никс го победија Кливленд со 121-108 и поведоа во серијата со 3-0. Џејлен Брансон постигна 30 поени, а Микал Бриџис 22 поени во победата за тимот на Њујорк.
Њујорк стана само седмиот тим во историјата на НБА што забележал серија од 10 победи во плејофот. Последниот тим што го сторил тоа беше Бостон Селтикс во 2024 година на патот до титулата. Од десетте победи на Никси во овие плејоф натпревари, дури девет беа со двоцифрена разлика, со просечна разлика од 22,5 поени.
Ануноби постигна 21 поен за Њујорк, кој водеше во текот на целиот натпревар. Никси го завршија натпреварот со импресивен процент на шут од 55,8 проценти, погодија 11 тројки и беа речиси совршени од линијата за слободни фрлања (24 од 27).
Кај Кавалирс, Еван Мобли беше најефикасен со 24 поени, Донован Мичел постигна 23, а Џејмс Харден додаде 19 поени. Домаќините погодија само 12 од 41 шут за три поени и 12 од 19 слободни фрлања.










