Барселона минува тешки денови, после заминувањето на Лионел Меси, многу работи се сменија, особено во играта на каталонскиот гигант, кој пак во моментов се бори со тешка финансиска криза.
По ремито со Гранада, трпението кај фановите на клубот е многу мало, па првиот човек на клубот, Жоан Лапорта јавно ги замоли за трпение.
„Ве молам да продолжите да го поддржувате нашиот клуб. Потребни сте на тимот, кој пак е благодарен за тоа. Знаете дека минуваме низ тежок период, во овој момент е добро да бидете со нас. Би ве замолил да останете смирени, знаеме што треба да направиме, ќе решиме се. Ви благодарам“, се вели во дел од пораката на Лапорта.
Gràcies per animar a l’equip, culers. Us demano que ho continueu fent com fins ara. Sabem el que s’ha de fer per arreglar la situació. Som el Barça. pic.twitter.com/oxpW4u1UJY
— Joan Laporta Estruch🎗 (@JoanLaportaFCB) September 21, 2021