Талески: Знам какви се навивачите во Македонија, секој спортист ужива во таква атмосфера

196
Фото: Татабања/ФБ

Филип Талески и неговата Татабања беа поразени од ГРК Охрид на домашен терен од ГРК Охрид (28-29) во првиот финален натпревар од финалниот двомеч во Европскиот Куп на ЕХФ.

Неговиот тим имаше негатива од седум гола, успеа да поведе пред крајот, но потоа во неизвесна завршница беше поразен минимално. Талески кој мечот го заврши со два гола потенцира дека ги чека тешка задача особено ако се земе во предвид дека салата „Билјанини Извори“ е распродадена.

„Во финале шансите секогаш се 50/50. Ние се боревме 60 минути, но Охрид беше доста подобар од нас и се бореше, а ние правевме грешки. Но, имаме уште еден меч, ќе одиме кај нив со желба за борба и имаме нови 60 минути пред нас. А подобриот нека победи. Знам какви се навивачите во Македонија, чувството да се игра пред нив е прекрасно. Знам дека ни следи распродадена сала, ќе не чекаат многу навивачи, но секој спортист ужива во таква атмосфера, така и ние. Дома имавме наша поддршка, не го искористивме тоа. Сега ни следат нови 60 минути, па подобриот нека победи на крајот“, изјави Талески по натпреварот во Унгарија.

Финалето меѓу ГРК Охрид и Татабања во СЦ „Билјанини Извори“ се игра на 31 мај.

ПретходноВардар му се заблагодари на Седлоски: Ова секогаш ќе биде твој дом!
СледноЈакимовски под просекот, Тренто загуби дома