Ѓоковиќ сруши уште еден рекорд на Федерер, па го „боцка“ Монфис: Морав…

315
Фото:x.com/SH_RolexMasters

Ѓоковиќ го надмина дефицитот и го победи Џовани Перикард со од 3-1 во сетови.

Тоа беше негов 82-ри настап на Гренд слем турнир во кариерата, надминувајќи го Роџер Федерер и поставувајќи рекорд.

„Не бев свесен за тоа. Одлично!“, рече Ѓоковиќ на почетокот на својата прес-конференција по натпреварот во мешаната зона.

Дуелот со Перикард беше напнат во првите два сета, а не беше лесен ниту во четвртиот.

„Натпреварот беше ментално предизвикувачки, но бев смирен во важните моменти, не сметајќи го првиот сет. Од вториот сет па натаму, подобро го читав неговиот сервис, тој има еден од најдобрите сервиси со кои сум се соочил во кариерата, никој не го сака во ждрепката. Никогаш не е лесно да се игра со Французите во Шатрие, притисокот се чувствува повеќе. Ми требаа три часа“.

Подготовката за Ролан Гарос беше далеку од идеална, со само еден натпревар одигран на земјена подлога оваа година.

„Оваа подлога е уште попредизвикувачка за мене, не е идеално што имав само еден натпревар, но бев повреден. Подготвен сум за Париз, ќе дадам сè од себе. Моето тело засега се чувствува добро, морам да ја соберам мојата игра, се надевам дека тоа ќе се случи како што напредува турнирот“.

Последното прашање беше за Гаел Монфис, кој е во последната сезона од својата кариера и го игра својот последен Гарос.

„Им кажав на другите, а и нему. За мене, неговото наследство е колку е добар човек, човек кој секогаш носи позитивна енергија. Еден од најголемите спортисти во историјата, ќе ни недостига – лизгање, потоа забивање, сè… Најмногу ми се допаѓаше гледајќи го како игра, и богами, играјќи против него (резултат 20-0), морав да го споменам тоа, ха-ха“, подвлече Ѓоковиќ на скратената прес-конференција, бидејќи времето на настанот беше 23.45 часот.

ПретходноСпарси ја декласираа Оклахома: Феноменалниот Вембањама повторно блескаше (ВИДЕО)
СледноПо дебаклот со Милан, Ибрахимовиќ избегал од стадионот во придружба на обезбедување