Македонската фудбалска репрезентација денеска во стандардната база во Хотелот Хилтон, ја обави прозивката по повод претстојните пријателски средби против селекциите на Босна односно Турција на гостински терен.
Селекторот Гоце Седлоски, ги повика репрезентативците за мечевите кои што се играат на 29 мај во Сараево, односно на 1 јуни во Истанбул.
Ќе спарингуваме со селекции кои што се дел од претстојниот Мундијал, и кој што се подготвуваат за најголемиот фудбалски турнир на планетава.
Имаме доста дебитанти пред се од нашиот домашен шампионат, како што се играчите на Вардар, Азер Омерагиќ, Георгије Јанкулов, и оние на Силекс, Анѓелески и Додев.














