Огромна бура од реакции и се случи на јавноста во Шпанија, откако селекторот Луис Де Ла Фуенте го објави конечниот список на репрезентативци на кои ќе смета за претстојниот Мундијал во САД, Мексико и Канада.
Во него на огромно изненадување на сите, нема ниту еден играч на Реал Мадрид, а искусниот стратег тоа го коментира на следниот начин.
„Јас сум селектор и не ме интересира од кој клуб доаѓаат играчите. Тие се играчи на репрезентацијата, не ме интересира еден или друг клуб. Немам локален патриотизам каков што би можел да има еден навивач. Се што сакам е овие играчи да ја чувствуваат гордоста што ја претставуваат репрезентацијата“ – изјави на кратко Де Ла Фуенте по повод ова прашање.










