Ќе биде “жешко“: Време е за баражи, претстојниот викенд се играат шест меча за пласман во ПМФЛ и ВМФЛ!

136
ФОТО: FFM.MK

Официјално првенствата 2025/26 завршија во ПМФЛ и ВМФЛ, а сега пред нас се баражите за пополнување во двете лиги за следната, 2026/27 сезона.

Од другата сезона во ПМФЛ ќе се натпреваруваат 10 клубови, имињата на осум од нив се познати, остануваат само уште две празни места, а тие ќе се знаат по одигрувањето на двата баражи Пелистер – Шкендија Арачиново и Брера – Скопје. Победниците од овие два меча следната сезона ќе бидат дел од елитата. И двата меча се играа в недала од 16:30 часот.

Во сабота три бараж – средби и во недела еден, тоа се четири натпревари по кои ќе ги дознаеме патниците за ВМФЛ за оние испразнети места.

Секако дека ќе биде “жешко“ на сите шест баражи, во продолжение можете да го видите комплетниот распоред на сите баражи претстојниот викенд.

САБОТА (30.05.2026) 16:30 Ч

Кратово: Саса – Еуромилк (ВМФЛ)

Кочани: Кожув – Борец (ВМФЛ)

Штип: Победа Валандово – Камјани (ВМФЛ)

НЕДЕЛА (31.05.2026) 16:30 Ч

Битола: Брера – Скопје (ПМФЛ)

Кавадарци: Пелистер – Шкендија Арачиново (ПМФЛ)

Ѓорче: Тетекс – Влазними Струга (ВМФЛ)

ПретходноЛамине Јамал со нова фризура на СП 2026!(ВИДЕО)
СледноОлимпијката кога го шокираше светот: На 43 години, таа е сè уште девица, признанието целосно ѝ го промени животот!