Навивачите на Партизан го прекинаа финалето, Војводина одби да се врати на терен, титулата за „црно-белите“

344
фото: rkpartizan.rs

Вториот натпревар од финалето на српското ракометно првенство меѓу Војводина и Партизан беше прекинат во Нови Сад.

Гостинските навивачи двапати употребија пиротехника, по што беше одлучено тимовите да се повлечат во соблекувалната. Во еден момент, по постојаните навреди од трибините, „гробарите“ почнаа да фрлаат топовски бомби, а една од нив падна во близина на голот на Партизан. Двете екипи го напуштија теренот и чекаат одлука од судијата.

Со оглед на тоа што домашните не сакаа да се вратат на терен, победата службено оди за Партизан кој ќе стане нов шампион на Србија.

Натпреварот беше прекинат при резултат 6:5 во корист на Војводина. Да потсетиме дека првиот натпревар во Белград му припадна на Партизан со резултат 33:27.

ПретходноПеп сонува да ја води Англија, но ќе добие примамлива понуда од Саудиска Арабија
СледноЛеброн не потпишува се дојдека Лејкерс не објаснат како го замислуваат тимот