Доналд Трамп ќе влезе во историјата на НБА!

70
Фото: Доналд Трамп Х

Претседателот на САД, Доналд Трамп, би можел да влезе во историјата на НБА откако објави дека планира да присуствува на Големото финале.
Трамп потврди дека добил покана од сопственикот на Њујорк Никс, Џејмс Долан, и дека сериозно размислува да оди во познатата „Медисон Сквер Гарден“.

Мислам дека ќе одам на еден од натпреварите. Многу луѓе ме поканија, а Џим Долан е еден од нив“ рече Трамп.

Никси први обезбедија место во финалето на НБА и сега го чекаат победникот од финалето на Западната конференција помеѓу Оклахома и Сан Антонио Спарс.
Трамп откри дека првично планирал да присуствува на 5-тиот натпревар од финалето на Источната конференција против Кливленд, но Никси ја завршија работата многу порано бидејќи ја добија серијата убедливо со 4-0.
“Сакав да одам во средата…Каков тим? Тие ги добија сите натпревари. Имаат неверојатни играчи“ – рече американскиот претседател за време на состанокот на кабинетот во Белата куќа.

Тој особено го изрази своето задоволство од успехот на франшизата од Њујорк која за првпат влезе во финалето на НБА од 1999 година.
Доколку се појави на еден од финалните натпревари, Трамп ќе стане првиот актуелен претседател на САД кој ќе присуствува на натпревар од финалето на НБА.
Првиот натпревар од финалната серија ќе се игра на 3 јуни во Оклахома или Сан Антонио, додека третиот натпревар ќе биде преместен во Њујорк, каде што Никси ќе го пречекаат својот ривал на 8 јуни во иконскиот Медисон Сквер Гарден.

ПретходноШок во Париз: Јаник Синер елиминиран од Ролан Гарос
СледноНејмар пристигна повреден на подготовките на Бразил