Првиот тениески рекет на светот, италијанецот Јаник Синер, сензационално е елиминиран на Ролан Гарос, легендарниот Гренд Слем турнир кој што е во тек во моментов.
Синер неичекувано загуби од аргентинецот Хуан Мануел Серундол со конечен резултат, 3:6, 2:6, 7:5, 6:1, 6:1, и го остави во шок тенискиот свет затоа што се најавуваше негов атак на титулата.
Фаворитот имаше речиси добиен меч со водство од 5:1 во третиот сет, а потоа неочекувано играчки но пред се физички се распадна буквално. Очигледна беше болката која што ја имаше во стомакот, предизвикана од грчеви, што едвај се движеше.
Тоа аргенцинецот и тоа како го искористи, освојувајќи 18 од последните 20 гемови.
Синер е првиот рекет број еден кој што испаднал во првите две кола на Ролан Гарос по Андре Агаси во 2000 година.










