Мато си ги бара платите од Вардар

627

Касим Роџерс Мато, сега веќе поранешниот играч на Вардар, а сега член на актуелниот вице шампион на Шкотска, тимот на Хартс, сите во Македонија го помнат по добро. По тоа што најпрво одигра добро во тимот не Брера, па потоа, пристигна во Вардар и „екслодираше“.

Постигна еден „куп“ голови во домашниот шампионат, во Европа, каде Вардар мина и едно коло од квалификациите, беше и е сеуште со статус на репрезентативец на Уганда. Со својот национален тим беше дел од Африканскиот куп, каде реализираше, и каде што и всушност и се продаде во тимот на Хартс.

Вардар се испофали со својот мега трансфер на Роџерс Мато, реално еден од најголемите во домашниот шампионат, според сумата (никогаш не објавена до крај, што и не треба), но и според клубот каде што Мато замина.

Сепак, колку и да звучи сето ова како фудбалска бајка, приказната „Мато“ за Вардар има и една сосема друга епизода, која што ама апсолутно никој не сака да ја чуе. Ама очигледно ќе мора.

Имено, Роџерс Мато го тужи Вардар за неисплатени плати. Поточно, предметот е веќе во ФИФА, каде што интернационалецот од Уганда си ги бара трите заостанати плати кои што Вардар му ги должи очигледно.

Тоа значи дека идолот на вардаровата армија навивачи, сепак, и не е така „невин“ и покрај милионите кои што сега ги има на договор во Шкотска. Од друга страна пак, очигледно ниту Вардар не е така чист како што се тврди дека не должи ниту денар и дека се е исплатено кон сите оние кон кои што се има обврска.

 

ПретходноНовак објасни зошто никогаш нема да биде тренер!
СледноШок во Париз: Јаник Синер елиминиран од Ролан Гарос