Продолжена успешната соработка помеѓу Македонската кошаркарска федерација и Клиниката „Жан Митрев“

148

Македонската кошаркарска федерација со особено задоволство ја информира јавноста дека денес официјално е обновен спонзорскиот договор со Клиниката „Жан Митрев“, со што продолжува успешната и исклучително значајна соработка започната во изминатиот период.

Во текот на изминатата една година, нашите национални селекции – како сениорски, така и младински, во машка и женска конкуренција – имаа на располагање врвна здравствена грижа, професионална поддршка и медицински услуги на највисоко ниво. Играчите, стручните штабови и сите инволвирани во репрезентативните активности изразија исклучително големо задоволство од услугите, грижата и вниманието што им беа овозможени.

Особено сме воодушевени од професионалниот и човечкиот однос на целиот персонал, како и од менаџментот на болницата, кои во секој момент покажаа високо ниво на посветеност, разбирање и подготвеност да излезат во пресрет на потребите на македонската кошарка.

Македонската кошаркарска федерација изразува искрена и голема благодарност до сите вработени во Клиниката, а посебна благодарност до д-р Жан Митрев за неговата поддршка, визија и искрена посветеност кон спортот и здравјето на македонските спортисти.

Веруваме дека ова партнерство и во иднина ќе продолжи да се развива во духот на взаемна доверба, почит и заедничка заложба за создавање најдобри услови за нашите кошаркари и кошаркарки, кои ја претставуваат Македонија на меѓународната сцена.

Македонска кошаркарска федерација

ПретходноОдбојкарите денеска на прва контрола против Црна Гора
СледноМакедонија “летна“ за Сараево!(ФОТО)