По одигрувањето на последниот натпревар од сезоната, ракометарките на Ѓорче Петров ЖРК беа крунисани со шампионскиот трофеј и златните медали, како потврда за одличната сезона и заслуженото прво место во домашниот шампионат.
Медалите на шампионскиот тим ги додели Силвана Карбеска, координатор на женската Супер лига, додека шампионскиот пехар го врачи генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Влатко Тасевски.
Ракометната федерација на Македонија им честиташе на играчите, стручниот штаб и раководството на клубот за освоената титула.










