Кочани е четвртиот град во кој се одржа „Денот на спортот“ во рамките на Плазма Спортските игри за млади. Околку 2.000 дечиња се натпреваруваа во седум спортски дисциплини, а беше навистина неизвесно и возбудливо.
Младите „симовци“ покажаа дека се вистински мајстори во Coca Cola Cup и футсал до 2015 годиште. Ги добивме и најдобрите „баскетџии“, кој исто така покажаа врвни вештини, се навиваше гласно на ракометните и одбојкарските мечеви, а возбудата растеше на атлетските трки. И секако тука беше омилената спортска дисциплина – народна.
Од Кочани е испратена порака дека Македонија има спортска иднина, а овој град заслужува да биде еден од спортските центри.
Спортските игри за млади „Плазма“ се најголемиот аматерски спортски настан за деца и млади во Европа, кој моментално се одржува во пет земји во регионот – Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија и, за првпат, во Македонија. Целта е промовирање здрав начин на живот, пријателство и заедништво, а најважно е што учеството е целосно бесплатно за сите деца.
По квалификациските натпревари следуваат регионални и национални првенства, додека најдобрите тимови и поединци ќе се натпреваруваат на големото меѓународно финале во Сплит (17-22 август), каде ќе ја претставуваат својата земја и ќе се дружат со врсници од регионот.
ИГРИТЕ ЗА ЗАКОН
Повеќе информации за Плазма Спортските игри за млади можете да прочитате на: https://sportskiigrizamladi.com/
ПЛАЗМА СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИ – КОЧАНИ
РЕЗУЛТАТИ
Coca Cola Cup 2011
Машки
1.Малешевци (Берово)
Женски
1.Шампионки (Кочани)
Футсал 2015
1.Млади Таленти (Берово)
Одбојка машки
1.Одбојкарски бисери (Кочани)
Одбојка женски
1.Голак (Делчево)
Ракомет машки
1.Орели (Облешево)
Ракомет женски
1.Голак (Делчево)
Баскет 3х3 машки
1.Дрим Тим (Кочани)
Баскет 3х3 женски
1.Екипа Снова (Кочани)
Народна 2015
1.Багери (М.Каменица)
Народна 2017
1.Багери (М.Каменица)
Атлетика 2015
Машки
1.Марко Филипов (Кочани)
2.Владимир Ангелов (Кочани)
Женски
1.Јана Лазаров (Кочани)
2.Ања Ристовска (М.Каменица)
Атлетика 2017
Машки
1.Ненад Петровски (М.Каменица)
2.Мартин Моневски (Облешево)
Женски
1.Нена Златанова (Облешево)
2.Иларија Спасовска (М.Каменица)










