Моќен Вардар, на полувремето против Мешков има предност од шест гола

199

Вардар 1961 по првото полувреме на дуелот со Мешков Брест има предност од 19-13. Ова е прв меч на домашен терен во ЛШ, прв пред публика по долгата пауза поради коронавирус.

По првите 30. минути „црвено-црните“ делуваат доминатно, влегоа со голема самодоверба, играат одлично.

Мартин Томовски има седум одбрани, Кевин Њокас има четири гола, по три погодоци имаат Дибиров и Моралес.

Дуелот почна со три одбрани на Мартин Томовски и три гола на Моралес за 3-1 во 8. минута. Едно од најсилните оружја на Вардар во минатото – одбраната добро функционираше, па избраниците на Веселин Вујовиќ со два гола во низа поведоа со 6-2 во 11 минута, а потоа и 7-3.

Вардар не искористи напад за плус пет, Мешков со два гола намали на 7-5 на средината на првиот дел. Гостите не искористија напад за да дојдат на минус еден со играч повеќе, следеше казна. Кевин Њокас со два гола во низа и Томовски со одбрана ја вратија позитивата од четири гола 11-7 во 20. минута.

Актуелниот македонски првак успеа да одржи ритам, во серија влезе и Оливие Њокас, Томовски имаше голем удел, се надоврзаа Газа и Дибиров, па по третпат во овој дел резултатот беше 16-10 во 27. минута. Истата позитива ја имаше и во 29. минута (17-11). На одморот е 19-13.

ПретходноИ Севиља ја „среди“ Валенсија, прва победа и за Еспањол (ВИДЕО)
СледноДерби Каунти и официјално е банкрот, остана без 12 бода во Чемпионшип!