Досегашниот играч на Аталанта, и младински репрезентативец на Италија, Марко Палестра е првата трансферна цел на тимот на Интер во овој преоден рок.
Младиот играч е приоритет за актуелниот шампион во Серија А, но секако неговата цена не е ни малку ниска на трансфер пазарот.
Причината што Палестра е приоритет на позиција каде што во моментов игра Дензел Дамфриз е фактот што крилото има опција во договорот за заминување од Интер за сум од 25 милиони евра. Таа не би била проблем за било кој сериозен клуб, а Палестра пак, според раководните структури на Аталанта чини околу 40 милиони.
Дамфрис има 30 години и заработува 4 милиони евра нето, додека Палестра има 21 година и заработува 280.000 евра по сезона како позајмен играч на Аталанта во Каљари.










