Пилиповиќ: „Еве, веќе се наежив, верувам во нова победа“!

43
ФОТО:.facebook.com/hcohrid

Утре во 20 часот во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, ќе се одигра реваншот од финалето во ЕХФ Европскиот Куп помеѓу ГРК Охрид и Татабања. Нашиот претставник има златна шанса да го повтори успехот од лани на Алкалоид и да дојде до прв европски трофеј во својата клупска историја.

Се е подготвено за реваншот, се знае дека салата ќе биде преполна, одамна нема билети, атмосферата во граддот е зовриена посебно ако се знае дека раваншот Охрид ќе го стартува со гол предност од првиот меч кога како гостин славеше со 29:28 против тимот на Филип Талески.

На тој меч посебно се исткна голманот Кристијан Пилиповиќ, кој пред утрешниот меч покрај другото истакна:
“Мораме да бидеме максимално сконцентрирани во исполнување на задачите и секако максимално фокусирани. Оваа сала, овие фанови и оваа публика треба да го добијат тоа што го заслужуваат. Еве, веќе се наежив. Секако дека не треба да се изгори во желбата. Сите во тимот едвај чекаме да почне натпреварот. Јас лично верувам во нова победа. Јасно е дека ќе го дадеме максимумот да дојдеме до пехарот“ заврши голманот на Охрид.

ПретходноЛШ финале: Енрике и Артета ги објавија стартните состави! (ФОТО)
СледноМакедонија беше план Б за Барбарез!