Сега е дефинитовно и нема веќе дилеми. Одлуката на тренерот Карло Анчелоти да го вклучи легендарниот Нејмар на списокот на патници за Светското првенство, кое ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада, беше пречекана со воодушевување во Бразил.
Во текот на својата кариера, Нејмар се мачеше со бројни повреди што го одвоија од најголемата сцена, но и покрај ова, 34-годишникот успеа да се наметне кај Анчелоти играјќи во Сантос.
А потоа, по објавувањето на конечниот список, Нејмар повторно се повреди. Се проценуваше дека ќе мора да паузира околу три недели, но Анчелоти не се откажа од него.
„Очекуваме дека Нејмар ќе биде подготвен веќе за првиот натпревар против Мароко или евентуално за следниот натпревар. Нема да има други повици.Ова се играчите што ги избравме и не ги менувам нашите планови. Сите 26 фудбалери што ги избравме ќе патуваат на Светското првенство и ќе имаат можност да играат“, рече Дон Карло.
Тој беше прашан дали одлуката ќе беше иста доколку повредата на Нејмар беше од посериозна природа.
„Да имаше мојот дедо тркала, ќе беше автомобил“, се пошегува Италијанецот.










