Македонската ракометна репрезентативка, Јована Мицевска ќе биде нов член на Црвена Звезда, открива Моцарт Спорт. Според овој медиум, српскиот тим гради ростер не само за доминација во домашниот шампионат, туку и за пласман во групната фаза во Европската лига.
24-годишната голманка, Мицевска која направи пауза откако оваа пролет стана мајка, во кариерата настапуваше за Вардар, француска Ница, а последен клуб ѝ беше романска Слатина. Таа е важен дел од македонската репрезентација, беше дел од Европските првенства 2022 и 2024 година.
Со Моли Кубина и искусната Ана Качаревиќ, следната сезона Црвена Звезда би требало да има трио на голот.










