РК Прилеп победнички за крај на сезоната

24

Неверојатно. РК Прилеп успеа да ги добие сите десет меча во плеј – аутот во ракометната Суперлига и на тој начин да стави крај на сезоната. Попладнево во последниот меч, ракометарите на овој тим славеа кај Пелистер 2 со 24:28 и тоа за нив беше десетта победа во исто толку натпревари.

Гостите одиграа добар меч, беа поквалитетни од домашниот состав и на крај заслужено славеа. Едноставно покажаа дека во моментов се поквалитетен противник.

Кај победничкиот тим се истакна Димитриоски со десет постигнати голови, додека кај поразениот состав Марковски беше стрелец на седум погодоци.

ПретходноМонтела: Ја избравме Македонија зошто игра слично како Австралија!
СледноКостадинов “стрелаше“ за Словачко во баражот за опстанок