ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА и годинава поддржувач на Спортски игри Велес

35

Видеолотарија Касинос Австрија и годинава ја потврдува својата посветеност кон младите и спортот, преку поддршка на јубилејното петто издание на „Спортски игри Велес 2026″, една од најзначајните младински спортски манифестации во земјава.

Од 1 до 6 јуни, Градскиот парк во Велес повторно ќе биде центар на спортот, дружењето и позитивната енергија. Годинешното издание носи рекордни бројки и големи очекувања, повеќе од 700 натпреварувачи, над 100 странски учесници, како и фудбалска екипа од Турција која ќе настапи во дисциплината мал фудбал.

Особено значајна новина оваа година е воведувањето на категоријата женски фудбал, која уште пред почетокот на игрите го исполни предвидениот капацитет со шест екипи, потврдувајќи го растечкиот интерес на девојките за активно учество во спортот.

Организаторите на спортската младинска манифестација упатија благодарност до Видеолотарија Касинос Австрија за континуираната поддршка во реализацијата на оваа успешна спортска приказна.

Свеченото отворање на „Спортски игри Велес 2026″ е закажано за 1 јуни во 20 часот, а посетителите ќе имаат можност да уживаат и во неколку специјални изненадувања подготвени од организаторите.

Градоначалникот Марко Колев и организаторите упатија заедничка покана до сите велешани и до љубителите на спортот од цела Македонија да бидат дел од овој спортски спектакл, кој одамна ја надмина рамката на обично натпреварување и прерасна во настан што ги обединува младите, спортот, публиката и заедништвото.

Како современа и општествено одговорна компанија, Видеолотарија Касинос Австрија останува посветена на поддршката на спортот и младите таленти. Под слоганот „Играј со најдобрите”, компанијата континуирано инвестира во проекти од областа на спортот, образованието, културата и здравството, создавајќи можности за развој на нови генерации успешни и одговорни граѓани.

ПретходноТројца вардарци вечерва на „местото на злосторот“
СледноВардар е кадетски шампион!